ЈА ИЗНЕВЕРУВА ЛИ КИНА РУСИЈА СО КАТАР? Ќе купува гас од заливот во следните 27 години
Катар објави дека
потпишал 27-годишен договор со Кина за снабдување на земјата со течен природен
гас, велејќи дека тоа е најдолгиот договор некогаш постигнат во овој сектор.
Ова беше најавено во екот на светската криза со енергетските извори и во време кога неколку европски земји бараат алтернативи за руските енергетски извори, а не успеаја да постигнат таков договор со богатиот емират во Персискиот залив.
Јавната компанија Катар енерџи секоја година ќе извезува четири милиони тони течен природен гас (ЛНГ) од својот нов проект Северно поле во кинеската нафтена корпорација Синопек, изјави на прес-конференција катарскиот министер за енергија Саад Шерида Ал-Каби.
Ова е најдолготрајниот договор во историјата на индустријата за течен природен гас (ЛНГ), изјави катарскиот министер, кој е и генерален директор на Катар енерџи. Норт Филд е во центарот на стратегијата на Катар да го зголеми производството на течен природен гас за повеќе од 60 отсто, за да достигне 126 милиони тони годишно до 2027 година.
Азија, односно Кина, Јапонија и Јужна Кореја претставуваат главен пазар за гас за Катар, со кој европските земји се повеќе се обидуваат да склучат договори по почетокот на руската инвазија на Украина.
Сепак, преговорите со Европејците беа тешки, Германија и другите земји одбија да потпишат такви долгорочни договори како што Катар склучи со азиските земји, наведува агенцијата Франс прес.
фото: EPA-EFE/BANDAR ALJALOUD