Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ја чека ли Србија „руската прогноза“?

Ја чека ли Србија „руската прогноза“?
Граѓаните на Србија се плашат дека ќе се оствари „руската прогноза“ за обилни врнежи од дожд, по што последици земјата би можела да има во сабота. Дожд денеска паѓа скоро во цела Србија, при што во одредени делови ќе наврнат над 20 или 30 литри дожд на метар квадратен. Жителите на поплавените подрачја се плашат дека им се заканува нова опасност. Водостојот на реките засега не е покачен, а војската и полицијата се подготвени да помогнат во случај на поплави. Директорот на Хидрометеоролошкиот зваод, Југослав Николиќ вели дека најмногу дожд паѓа  на исток и југоисток. „Во западните делови на сила е жолтиот метеоаларм, а ако поминеме 40 литри ќе биде портокалово, а ако биде 60 ќе биде црвен“-вели тој. Посебно внимание треба да се обрне на реките Крапеж и Цемерница. Српскиот премиер, Александар Вучиќ денеска ќе ги посети граѓаните во поплавените подрачја.    
Слично

Поврзани вести