Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изземање на судијката Поп-Стефанија од „Тврдина“ – бара СЈО

Изземање на судијката Поп-Стефанија од  „Тврдина“ – бара СЈО

Специјалното јавно обвинителство бара изземање на судијката Александра Поп-Стефанија од случајот „Тврдина“.

Судијката го прекинала сослушувањето на осомничените, информираат од Основниот суд Скопје 1. Поп-Стефанија треба да ги комплетира списите и заедно со барањето да ги достави до претседателот на Судот. Тој потоа во рок од три дена треба да одлучи по однос на барањето за изземање на судијката.

„Судијата на претходна постапка, пред да заврши со распитот на еден од повиканите лица по повод предлогот поднесен од страна на Јавното обвинителство за гонење кривични дела кои се поврзани и произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникации (СЈО) во јавноста познат како „Тврдина“, примил барање за негово изземање од страна на обвинителот кој постапува во истиот предмет. Со тоа судијата го прекинал сослушувањето на повиканите лица“- е наведено во соопштението од Судот.

Барањето за изземање на судијката следи откако таа не ги прифати барањата за притвор и за мерки на претпазливост на СЈО против Горан Грујовски, Гордана Јанулоска и другите тројца осомничени во „Тврдина“.

Слично

Поврзани вести