Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извeштајот за редовност на пратениците денеска на координативна средба

Извeштајот за редовност на пратениците денеска на координативна средба

Денеска генералниот секретар на координативната средба во Собранието на Република Македонија се очекува да го достави извештајот за редовноста на пратениците. Овој извештај  претседателот на Собранието и координаторите на пратеничките групи треба да го достават до Комисијата за мандатно - имунитетни прашања, која пак во рок од 15 дена треба да донесе заклучок и да предложи тој да биде ставен на дневен ред на собраниска седница.

На 10-ти овој месец истекоа шест месеци од верификацијата на 34-те мандати на пратениците од опозицијата од страна на Собранието а само три пратенички од 34-те  народни избраници се вклучија во работата на Собранието и во истиот момент се спротиставија на ставот на опозицијата за бојкот на Парламентот.

СДСМ и помалите опозициски партии се изјаснија дека не се враќаат во Парламентот.

 
Слично

Поврзани вести