Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извршителите утре ќе потпишат меморандум со КОМСПИ

Извршителите утре ќе потпишат меморандум со КОМСПИ

Комората на извршители на Р. Македонија на ден утре во 10 часот во просториите на Комората ќе потпише Меморандум за соработка со Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Двете институции го потпишуваат овој меморандум со цел да ја зајакнат соработката поврзана со имплементација на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во сферата на извршувањето.

Соработката врс основа на Меморандумот ќе се одвива во насока на одржување на континуирани обуки во врска со спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер а целта на обуките ќе биде подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на целната група со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и правата и обврските кои произлегуваат од него.

Слично

Поврзани вести