Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извршителите подготвуваат бесна реакција оти им ги кратат приходите

Извршителите подготвуваат бесна реакција оти им ги кратат приходите

На вонреден состанок извршителите ќе договараат како ќе реагираат откако Владата им ги скрати тарифите. На состанокот, според информациите треба да се креира заедничкиот став и реакција, но се тврди дека повеќето извршители се лути и сметаат дека ова за некои од нив ќе значи и клуч на врата. Владата најави законски измени со кои трошоците за граѓаните при извршните постапки се намалуваат за 50 до 90 отсто. 

Инаку се намалуваат тарифите и за нотарите, а се тврди дека и тие и извршителите воопшто не биле консултирани за законските измени. 

– За сметки за парно до 15.000 денари ќе се исклучат трошоците за адвокати, на пример, при постапка од извршители. Извршниот налог од 20 евра сега ќе биде 2 евра. Вкупно се ревидираат 16 ставки од тарифникот на извршителите, од кои некои се намалуваат за 50 отсто, а некои и повеќе од 50 отсто. Наградите се намалени, платни налози за трошоци нема да може да бидат повисоки од 20 отсто од вкупниот долг. Во прашање се илјадници семејства и загрижени граѓани – рече премиерот Зоран Заев кога ги презентираше измените.

Во постапките пред нотарите овие граѓани ќе бидат ослободени од судските такси и од надомест за клаузула за правосилност и извршност. Додека во постапката пред извршителите, според измените на законот, дури 16 ставки за кои досега граѓаните плаќаа одредена сума, со новата тарифа тие ќе бидат целосно бесплатни.



Слично

Поврзани вести