Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извршителите наплатиле од државата рекордни 22 милиони евра

Извршителите наплатиле од државата рекордни 22 милиони евра

Извршителите наплатиле 123 милиони евра во 2019 според годишниот извештај кој Комората тукушто го објави за 2019. Примени биле 121.913 барања за извршување, што е најголема бројка од 2016 кога извршителите примиле 227.836 барања за извршување. 

Станува збор за 123.255.351 милиони евра, или слично како и една година претходно со 3,7 милиони евра помала присилна наплата. Во последните осум години наплатата редовно изнесува преку 100 милиони евра, а рекордната е убедливо 2017 со 166.224.905 милиони евра.

Зголемен е износот на реализирани извршни решенија во корист на државата како доверител од 2,33 на 2,9 милиони евра. Сумите за стопанството и за поединците како доверители се намалени. Така, за правните лица наплатата паднала од 103 на 99,7 милиони евра, а за физичките од 22,4 на 21,9 милиони евра.

Според наплатените средства според структурата на должници, извршувањето од државните институции како министерства, агенции, управи, фондови, заводи, комисии, дирекции и слично, изнесува рекордна сума од 21.992.815 евра. Ова е убедливо најголема наплата од државата како должник. Претходно највисоките наплати по вина на државата се во 2018 и 2015 кога сумите изнесувале 15,95, односно 15,75 милиони евра. Во 2017 на пример таа била 11,6 милиони евра.

Од друга страна присилната наплата од стопанството бележи големо намалување и тоа изнесува 67,93 милиони евра. Тоа е многу помалку од 2017, кога се забележани дури 122,5 милиони евра. Во 2018 присилно биле одземени од фирмите 78,8 милиони евра. Кај физичките лица-должници нема големи промени во однос на изминатите години и таа изнесува 34,75 милиони евра.

Комората годината 2019 ја завршила со 91 извршител, или шест помалку во однос на претходната година. Бројот е најмал во последните девет години. Особено осетливо е намален и бројот на вработени во канцелариите на извршителите на 362 работници. Тоа е помалку за 60 за една година, а низа претходни години нивниот број изнесувал преку 500-тини.

А.К.

Слично

Поврзани вести