ИЗВРШИТЕЛИТЕ ЌЕ СТАНАТ ПОМЕКИ: За помалите долгови нема извршување без опомена!
За сите помали долгови ќе важи ново законско решение, а тоа е дека нема да може да се изврши без претходна опомена. Ова значи дека никој не смее да ви ја блокира сметката за долг кој што е за режиски трошоци од 1000 или 2000 денари.
Со ова ќе се заштедат пари за нотарски и извршителски акти кои неретко стигнуваа и до 10 000 денари за долгови од само 1000 денари.
Извршителите сметаат дека ова е праведно решение. Првиот човек на комората смета дека новината е привилегија за физичките лица, односно за граѓаните, и ќе важи само за нив.
„Претставува уште една привилегија за граѓаните во почетната фаза на извршувањето да дојдат кај извршителот и да ги достават податоците кои се бараат, со што ќе ги намалат трошоците на извршување кои крајно ќе бидат на нивни товар и воедно ќе бидат во можност да го платат долгот или да предложат средство за извршување кое е поповолно за нив“ вели Петрески во интервју за Академик.мк.
Слично
