Извршители за девет месеци од државни органи наплатиле 9,2 милиони евра
За само девет месеци извршителите во земјава наплатиле 21 милион евра за долгови на вкупно 85.538 граѓани, се вели во извештајот на комората на извршители.
На мета на извршителите освен граѓаните се нашле и 3.505 државни органи од кои до септември годинава биле наплатени 9,2 милиони евра.
Како најголем должник меѓу државните органи е ЈП „Македонија пат“ по основ на невратени долгови кон други фирми.
Според податоците во извештајот, во септември, дури 17.559 фирми, поради невратени долгови, се нашле пред извршител и нив им биле наплатени 43 милиони евра долг.
Извршителите најлоша наплата имале во источниот дел на државата односно градовите Кочани, Берово, Виница и Делчево, а најмногу средства се собрани во подрачјето на Скопје.
За девет месеци извршителите од несовесните должници успеале да наплатат 73 милиони евра.
„Иако годинашните податоци се однесуваат за девет месеци според темпото на работа, не очекуваме дека ќе ја достигнеме вредноста наплатена од минатата година бидејќи показателите се дека извршувањето од година на година е сè помало“, истакна претседателот на Комората на извршители Зоран Петрески.
Според извршителите на подобрување на состојбата ќе влијае подобрената финансиската култура и дисциплина.
Во 2014 година, граѓаните и фирмите до Комората на извршители поднеле 265 претставки за работата на извршителите. Комората изрекла 17 дисциплински казни на извршители,и тоа 11 парични казни и 6 јавни опомени.
До министерството за правда,во истиот период се поднесени 30 дисциплински предмети против извршители.
Слично
