Извршители им тропаат на врати, исклучените од парно на протести
Група на граѓани кои се исклучени од парно греење повторно излегоа на протести бидејќи „Топлфикација“ се уште им испраќа сметки за наводно користење на топлинска енергија која минува низ цевките низ нивните денови.
Граѓаните посочуваат дека сметките не ги плаќаат затоа што сметаат дека незаконски им се наметнуваат, но веќе се поднесени тужби и се плашат дека ќе дојдат извршители за да го наплатат долгот.
Тие бараат конечно решенија и од Регулаторната комисија за енергетика, како и од надлежните институции на владата. Протестите продолжуваат секоја недела и доколку не им се помогне во решавање на проблемот најавуваат радикализирање на демонстрациите.
Слично
