Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извозот зголемен за 11 одсто

Извозот зголемен за 11 одсто

Во период од јануари до крајот на ноември 2015 година Македонија извезела стока во вредност поголема од 3,7 милијарди евра, што е зголемување од 11 проценти.

Увозот пораснал 0,5 одсто на 5,2 милијарди евра, соопштија од Државниот завод за статистика.

Покриеноста на увозот со извоз во извештајниот период изнесува 70,9 одсто, односно трговскиот дефицит „тежи“ 1,5 милијарди евра.

Во структурата на извозот и понатаму најголемо учество имаат компаниите од индустриските зони, како и големите металуршки претпријатија. Катализаторите, фероникл, сетови проводници, производи од железо и челик доминираат во извозот на земјава.

На страна на увозот , најзастапена е платината и нејзините легури, нафтените масла и струја.

Слично

Поврзани вести