Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извозот во Русија расте - што најмногу извезуваме?

Извозот во Русија расте - што најмногу извезуваме?

Во 2016 година во споредба со 2015 година во Русија се извезени за речиси 40% повеќе македонски производи. 

Македонско-руската стопанска комора соопшти дека извозот во 2016 година достигнал 48,9 милиони евра што е раст за 39,5% во однос на 2015, а намален е и трговскиот дефицит од 153 на 142,9 милиони евра. Вкупната трговска размена лани била 191 милион евра, а во 2015 изнесувала 189 милиони евра.

Во Русија најмногу се извезуваат фармацевтските производи, овошје, зеленчук и вино. На последниот саем „Продекспо“ во Москва зголемен бил интересот за македонските млечни производи.

Се очекува годинава извозот да биде рекорден. 

Слично

Поврзани вести