Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извозот во првите четири месеци бележи раст од 9.5%

Извозот во првите четири месеци бележи раст од 9.5%

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-април 2016 година, изнесува 82 624 800 илјади денари и бележи пораст од 9.5% во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-април 2016 година, изнесува 116 097 571 илјади денари што е за 4.4% повеќе во споредба со истиот  период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април 2016 година, изнесува 33 472 771 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-април 2016, изнесува 71.2%. Во првите четири месеци годинава според вкупниот обем на надворешно-трговската размена,  Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи  со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Слично

Поврзани вести