Извозот се зголемил за 18,5%
Од почетокот на годинава извозот на производи од Македонија се зголемил за 18,5% во споредба со истиот период лани, покажаа податоците на Државниот завод за статистика.
Вредноста на вкупниот извоз во првите пет месеци изнесува 1.946.119 илјади американски долари. Раст се бележи во сите пет месеци годинава - во јануари растот е 4 проценти, во февруари 22,3 проценти, во март 21,4 проценти, април 9,2 проценти и во мај 27,9 проценти.
Најмногу се извезувале катализатори, феросилициум, фероникел, сетови на проводници за палење за возила, авиони или бродови, валани производи и облека.
Над половина, односно 52,7 отсто од производите од Македонија се извезуваат во Германија, Бугарија, Грција, Србија и Италија.
Извозот од технолошко-индустриските зони во првите шест месеци изнесува над 550 милиони евра и повеќе од двојно е зголемен во однос на првите шест месеци од минатата година. Надлежните очекуваат уште поголем раст на извозот од зоните во втората половина од годинава.
Слично
