Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извозот расте – колкава е вредноста на увезените стоки?

Извозот расте – колкава е вредноста на увезените стоки?

Вредноста на извозот на стоки за периодот јануари-јули годинава изнесува 2.710.526.000 долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Ова претставува раст од 5,6% во однос на истиот период лани.  Увeзената стока чини 3.821.115. 000 долари, што е за 4,4% повеќе во споредба со истиот период лани.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули е  1.110.590.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јули 2016, изнесува 71.0%.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и со Италија.

Лани во првите пет месеци трговската размена со странство имаше пад од 13.5%.

Слично

Поврзани вести