Извозот пораснал за над 20 отсто
Извозот пораснал за повеќе од 20 отсто.
Извозот на стоки во првите два месеци од 2021 година има раст од 21,1 отсто во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика. Во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 1.301.104 илјади американски долари. Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија во овој период најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-февруари 2021 е 78,4 отсто. Вредноста на увeзената стока, изнесува 1.659.766 илјади американски долари што е за 15,1 отсто повеќе во споредба со тој период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-февруари 2021 година е 358.663 илјади американски долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Најмногу се увезуваат другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, ќерамичките производи за лабораториска и слично. foto freepik
