Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗВОЗОТ ПОРАСНАЛ: Каде и што најмногу извезуваме?

ИЗВОЗОТ ПОРАСНАЛ: Каде и што најмногу извезуваме?

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република  Македонија, во периодот јануари-ноември 2016 година, изнесува 241 950 630 илјади денари и бележи пораст од 5.4%  во однос на истиот период лани. 

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вредноста на увезената стока, во периодот јануари-ноември 2016 година, изнесува 339 520 438 илјади денари што е за 5.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2016 година, изнесува 97 569 807 илјади денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-ноември 2016, изнесува 71.3%. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. 

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав,  нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и  нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.  Во периодот јануари-ноември 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република  Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари- ноември 2016 година, изнесува 3 927 536 илјади евра, и бележи пораст од 5.4% во однос на истиот период од  претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 511 280 илјади евра што е за  5.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-  ноември 2016 година, изнесува 1 583 744 илјади евра. Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-ноември 2016 година,  изнесува 4 364 227 илјади САД долари и бележи пораст од 5.5% во однос на истиот период од претходната година. 

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 130 290 илјади САД долари што е за 5.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2016 година, изнесува 1 766 064 илјади САД долари. 

Слично

Поврзани вести