Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извозот од индустриските зони догодина ќе достигне 1,2 милијарди евра

Извозот од индустриските зони догодина ќе достигне 1,2 милијарди евра
Наредната година, извозот, кој  ќе го реализираат компаниите-инвеститори кои моментно работат во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) „Штип“, „Скопје 1“ и „Скопје 2“, ќе се зголеми за 50 отсто и ќе достигне до 1,2 милијарди евра, најави директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо. Според него, учеството на извозот од индустриските зони во вкупниот македонски извоз може да биде една третина. За годинава, се очекува извозот да достигне преку 760 милиони евра. Бројот на вработени годинава во зоните достигна 2.500 за разлика од лани кога беше 1.270. Проекцијата за 2014, само од постоечките капацитети, е 3.500 вработувања. - Наредната година извозот ќе се зголеми за 50 отсто и ќе достигне до 1,2 милијарди евра. Потенцијално, учеството на извозот од индустриските зони во вкупниот македонски извоз може да биде една третина, нагласи Мизо на средба со новинарите. Според предвидувањата на ТИРЗ, до 2015 година функционални ќе бидат сите 14 планирани индустриски зони во земјава. Директорот потсети дека се почнати активностите од првата фаза за зоните во Кичево, Гевгелија и Прилеп, а поставен е и камен-темелникот за зоните во Струмица и Тетово. Догодина ќе се реализираат и активностите за зоните во Радовиш, Струга, Делчево, Берово и Виница. Осврнувајќи се на сработеното во 2013, Мизо посебно го истакна отворањето на вторите производствени капацитети на „Џонсон Контролс“, „Џонсон Мети“ и „Технохозе“, како и почетокот со работа на „Ван Хул“. Изградба на втор производствен капацитет, посочи Мизо, најави и „Продис“ за април 2014 година.  
Слично

Поврзани вести