Извозот на стоки од Македонија пораснал за 7.5%
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-февруари 2016 година, изнесува 39 078 145 илјади денари и бележи пораст од 7.5% во однос на истиот период лани.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат раст. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-февруари 2016, изнесува 76.4%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари-февруари 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.
Слично
