Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извозот на нафта од Ирак се приближува до рекордно високи нивоа во април

Извозот на нафта од Ирак се приближува до рекордно високи нивоа во април
Извозот на нафта од Ирак се доближи до рекордни нивоа во април, зголемувајќи ја презаситеност на светскиот пазар, иако антикорупциските протести се закануваа да ја парализираат владата на државата членка на ОПЕК. Испораките на нафта се зголемија до 3,36 милиони барели на ден или 100,92 милиони барели за месец, соопшти Асим Џихад, портпарол на нафтеното министерство. Вредностите не го вклучуваат извозот на Ирачки Курдистан. Извозот отскокнува спрема 3,29 милиони барели на ден во март и се доближува до највисоките вредности забележани во ноември - 3,365 милиони барели на ден. Снабдувањето и производство на нафта не се погодени од протестната бура пред парламентот во Багдад, вели во порака Фалах Ал-Амри, претседател на ирачката државна нафтена организација. Владините сили се борат и против активистите на „Исламска држава“, откако падот на цените на нафтата, со повеќе од 50% во последните две години ги погоди силно финансиите на земјата. Ирак произведуваше 4,3 милиони барели на ден во април, покажуваат податоците на „Bloomberg“.
Слично

Поврзани вести