Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извозот на Македонија во странство, во првите седум месеци, 6,18 милијарди долари

Извозот на Македонија во странство, во првите седум месеци, 6,18 милијарди долари
Вкупно 6.182.009.000 американски долари изнесува размената на Македонија со странство во првите седум месеци од годинава. Најмногу, или 49,6 отсто се тргувало со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според нив, извозот на стоки е 2.407.356.000 долари, а увозот 3.774.653 илјади долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 63,8 отсто. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2013 година, изнесува 1.367.297 илјади американски долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, производите од железо и челик (валани производи) и електричната енергија. Во периодот јануари-јули 2013 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ со 73,3 отсто и земјите од Западен Балкан со 17,6 проценти. Во увозот на стоки најголемо учество имаат, исто така, земјите-членки на ЕУ 61,8 отсто.
Слично

Поврзани вести