Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извозот на Македонија поголем за 11%

Извозот на Македонија поголем за 11%

Последните податоци на државниот Завод за статистика, покажуваат дека пораснала трговската размена на Македонија .

Во првите шест месеци од годинава, извозот пораснал за 11,4% во споредба со истиот период лани и неговата вредност изнесува 1,953 милијарди евра.

За 19,8 отсто зголемен е извозот на хемиски производи, а за 28,4 отсто е зголемен извозот на машини и транспортни уреди.

Истовремено, зголемен е и увозот во Македонија за 6,9 отсто, а покриеноста на увозот и извозот во првата половина од годината изнесувала 70,1 %.

Слично

Поврзани вести