Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извозот на БИХ во Русија „скокнал“ за 100%

Извозот на БИХ во Русија „скокнал“ за 100%

Босна и Херцеговина во првите два месеци од годинава го зголемила извозот во странство, и во однос на лани зголемувањет0 е 100%.

Во овој период таа извезла производи во вредност од 15.8 милиони марки. Сепак, увозот од Русија во БИХ е далеку поголем, но споредбено со првите два месеци од 2015 година е помал за 35%. Во првите два месеци БИХ во Русија извезла овошје во вредност од  7.5 милиони марки, а потоа следат фармацевтски производи со 6.5 милиони марки. Од друга страна БИХ од Русија увезувала минерални горива, масла и други производи вредни 32.1 милиони марки. На второ место е сировата кожа во вредност од 641.000 марки.

Соработката меѓу овие две земји може да се зајакне, а за тоа говорат и се почестите состаноци на делегации на БИХ и Русија.

Слично

Поврзани вести