Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извозот е намален, а за некои производи косовскиот пазар е неповратно загубен!?

Извозот е намален, а за некои производи косовскиот пазар е неповратно загубен!?
Што извезува Македонија на Косово и во колкави суми? Во првите два месеци од годинава, Македонија на Косово има извезено нафта во вредност од близу 6,3 милиони долари, за разлика од првите два месеци од минатата година кога има извезено нафта и нафтени деривати во вредност од 18 милиони долари. Тоа покажува пад на извозот на нафтени деривати за   64,7% За разлика од падот регистриран кај извозот на нафтата и нафтени деривати од Македонија на Косово, кај извозот на останатите производи, според податоците од Државниот завод за статистика има благ раст. Па така во првите два месеци од годинава била извезена стока во вредност од 22,6 милиони долари, додека пак во првите два месеци до минатата година била извезена стока во вредност од 21,9%, што покажува благ раст на извозот кај останатите производи за 3,4%. Но, освен нафта и нафтени деривати, Македонија на Косово најмногу извезува цигари што содржат тутун, лекови и пекарски производи. Анализата на податоците покажува дека Македонија го губи и пазарот на Косово и за извоз на цигари. Односно од земјава на косовскиот пазар во првите два месеци од година биле извезени цигари што содржат тутун во вредност од 279 124 долари, што за разлика од претходната година во истиот период има огромен пад. Или лани во првите два месеци биле извезени 1,2 милиони долари. Пад има и кај извозот на лекови кои се подготвени во измерени дози или фо форми за малопродажба. Па така во првите два месеци од годинава биле извезени 937 699 долари, додека пак лани во истиот период биле извесени 1,2 милиони долари.  А, лекови кои содржат антибиотици наместени во одмерени дози за малопродажба лани биле извезени за сума од 338 илјади долари, а годинава за сума од 176 илјади долари. Но, податоците покажуваат дека за разлика од лани кога немало никаков извоз на лекови со пеницилин и стрептомицин за малопродажба, годинава во првите два месеци биле извезени за сума од 147 илјади долари. На косовскиот пазар Македонија извезува и пекарски производи. Па така и лани во првите два месеци од годината биле извезени 1,2 милиони долари, додека годинава во истиот период 1,1 милиони долари. Извозот на зеленчук, овошје има драстичен пад, односно е намален за повеќе од половината, па така лани во првите два месеци направен е извоз за сума од 227 илјади долари, додека годинава 103 илјади долари. Пад има и кај извозот на конзервиран или приготвен зеленчук. Сепак раст има кај извозт на свежи јаболка. Па така лани во првите два месеци од годината биле извезени свежи јаболка за сума од 621 илјади долари, а годинава за 665 илјади долари. Намалување на извозот има кај извозот на чоколадо и производи од какао, односно лани во првите две месеци биле извезени за сума од 294 илјади долари, а годинава во истиот период за 219 илјади долари. За кои производи е тотално изгубен косовскиот пазар? Македонија тотално го има изгубено косовскиот пазар за извоз на неколку други производи кои во првите два месеци од годинава воопшто не биле извезени на Косово од Македонија, иако лани во истиот период имало извоз. Па така, лани во првите два месеци од годината биле извезен ориз во вредност од 517 илјади долари, трици и остатоци од пченица во вредност од 218 илјади долари, производи за исхрана на животни во вредност од 103 илјади долари, вода вклучувајќи минерална и газирана со додаток на шеќер или други средстава за ароматизација во вредност од 234 илјади долари, апарати за комуникација во жична и бежична мрежа во вредност од 218 илјади долари, цевки и црева незајакнати, уту со прибор 314 илјади долари. Годинава пак во првите два месеци воопшто нема извоз на овие производи. За кои производи има раст на извозот на косовскиот пазар? Лани во првите два месеци од годината а косовскиот пазар од Македонија биле извезени млеко и павлака со содржиона на маснотија од еден до шест проценти во вредност од 119 илјади долари, додека пак годинава има раст и извозот на оваа група производи изнесува 342 илјади долари. Од Македонија на Косово, лани во првите два месеци од годината било извезено сирење во вредност од 187 илјади долари, додека годинава извозот изнесува 216 илјади долари. Годинава е забележан раст кај извозот на слатки бисквити, колачи и вафли, па на косовскиот пазар од овие производи извезена е сума од 480 илјади долари, додека лани била извезени производи за вредност од 344 илјади долари. Благ раст има и кај извозот на кобасици и други производи од месо. Односно лани во првите два месеци од годината е направен извоз за сума од 174 илјади долари, додека година за сума од 179 илјади долари. Ј.С.
Слично

Поврзани вести