Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗВОЗОТ БЕЛЕЖИ РАСТ: Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина

ИЗВОЗОТ БЕЛЕЖИ РАСТ: Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина

Статистичките податоци покажуваат дека извозот има раст од 29 отсто во првиот квартал. Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – март 2021 година, изнесува 634.933 илјади американски долари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – март 2021, изнесува 75.9 отсто.

Како што објави Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од земјава во периодот јануари – март 2021 година, е 2.002.586 илјади американски долари, додека вредноста на увeзената стока, во споменатиот период, чини 2,637.519 илјади американски долари. Тоа е за 24,6 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Слично

Поврзани вести