Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извозе ли Аутомакедонија до полугодишен профит?

Извозе ли Аутомакедонија до полугодишен профит?

Аутомакедонија гледано според консолидираниот полугодишен финансиски извештај успева да одржи благ тренд на раст на оперативните приходи со тоа што и добивката одржува солидно темпо на раст иако нема преголеми и драстични подобрувања ако се спореди со првите шест месеци од 2016 година.

Првиот квартал за Аутомакедонија кој веќе го анализиравме беше профитабилен со вкупна добивка од 111 илјади евра како резултат на сите бизниси на акционерското друштво. Затоа најпозитивно за Аутомакедонија од новиот извештај е што вториот квартал од годинава им донел 2,6 милиони евра оперативни приходи или вкупно 4,6 милиони евра за првите шест месеци од годинава. Идентично како и лани Аутомакедонија е присутна само на домашниот пазар и нема производи за извоз.

Зголемените приходи за една компанија не секогаш значат и подобрување на профитабилноста бидејќи оперативата на Аутомакедонија ја следи и зголемување на вкупните расходи кои за првите шест месеци од годинава изнесуваат нешто над 4 милиони евра.

На расходната страна доста пораснати се трошоците за вработените со вкупно 760 илјади евра или за нешто над 80 илјади евра повеќе во однос на првото полугодие од 2016 година.

Аутомакедонија има и 648 илјади евра во обврски за долгорочни кредити и хартии од вредност, како и речиси 110 илјади евра обврски кон државата. За кредитната изложеност на компанијата говори и фактот за краткорочните обврски за кредити во износ од 896 илјади евра.

Гледано само од оперативата Аутомакедонија работи со загуба од речиси 45 илјади евра, па само благодарение на финансиските приходи од кредити се бележи вкупна добивка од 223 илјади евра. Тоа е и доста послаб резултат во однос на првото полугодие од 2016 кога вкупната добивка изнесувала 315 илјади евра.

Автор: Христијан Станоевиќ


Слично

Поврзани вести