Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извезени 30.000 српски фиќа

Извезени 30.000 српски фиќа
Во фабриката на Фиат во Крагуевац во оваа година е произведено 30.000 автомобили “fiat 500 L“ изјавил директорот на Фиат автомобили Србија Антонио Чезере Ферер. Тој за српските медиуми изјавил дека е извезено скоро целото производство на овој модел на Фиат кој има пет седишта, и истакнал дека моментално се работи и на развивање на верзија на автомобил со седум седишта и друга верзија која се подготвува за амреканскиот пазар. - За три месеци се произведени 37 продолжени верзии и 120 за американскиот пазар, изјавил Ферер. Во наредните две седмици ќе се обавуваат подготовките за индустриското производство на тие два модели, според неговите зборови планот е после Нова Година во секој час во фабриката во Крагуевац да се произведуваат по 30 возила во било која верзија. Команијата на Фиат автомоби Србија е заедничко претпријатие на државата Србија и италјанскиот Фиат. Србија во  FAS има удел од 33 одсто, а Фиат 67 одсто. Сериското производство на моделот„ fiat 500L“ e започнато во јули 2012 година.
Слично

Поврзани вести