Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извештајот за Скопје 2014 денеска оди во обвинителство!

Извештајот за Скопје 2014 денеска оди во обвинителство!
Извештајот беше изработен врз основа на неколку закони: Закон за меморијалните споменици и спомен обележјата ,Закон за локална самоуправа, Закон за Град Скопје, Закон за јавните набавки и  Статутот на општината Центар. Комисијата утврдила дека се превземени  вкупно 57 постапки во вкупна исплатена вредност од над 55 милиони евра. Во периодот од 2007 до 2013 година, за изведбата на спомениците и пропратните содржини од централниот буџет се префрлени на сметката на Општина Центар вкупно околу 58 милиони евра,  за кои според Комисијата нема законска оправданост, бидејќи законски пари можат да се префрлаат во локалните буџети само доколку се градат капитални објекти. Извештајот на ревизијата за проектот ‘Скопје 2014’ денеска ќе биде предаден во Обвинителството. Првиот човек на Општина Центар Андреј Жерновски се надева дека Обвинителството и судот ќе работат врз основа на фактите и без политички влијанија за да се санкционираат неправилностите. Кои се наодите на ревизијата Комисијата утврдила незаконско градење на меморијални споменици, бидејќи како што стои во образложението, според законите само Собранието може да донесе одлука за поставување на меморијален споменик, додека општините можат да поставуваат спомен-обележја. Но, општината сите споменици кои ги подигала ги водела како спомен – обележја, а не споменици со цел да се заобиколи Собранието. Незаконитости се утврдени во тендерските постапки, и надлежностите на општината. Така законски општината не смеела да гради мостови и фонтани во реката Вардар бидејќи тоа било надлежност на град Скопје. Констатирано е дека се билдани првично објавените пресметковни вредности на спомениците, кои се разликуваат со оние во потпишаните договори.  Така споменикот на Ченто според основниот договор чини 65 илјади евра, а потоа вредноста достигнала над еден милион евра. Комисијата утврдила дека споменикот на Никола Карев пред Собранието кој според документацијата е лиен од мермер за 45 милиони денари, а по увидот е востановено дека споменикот е направен од бронза која требало да чини 5 милиони денари.
Слично

Поврзани вести