Извештајот во раце на македонските власти, грешките на пилотите пресудни!
Денеска босанскиот истражител Омер Кулиќ им го предаде новиот извештај на македонските власти според кој пресудни за несреќата и падот на кингерот биле седум системски грешки.
Имено, според Кулиќ, грешките на пилотите биле пресудни за кобната несреќа.
Во првиот извештај биле сокриени неколку битни факти.
Сложените временски услови, концетрацијата на облаци се индиректна причина, а не невреме како што беше објавено во првиот извештај. Причините за падот на „кингерот“ се една дирекна и седум пилотски грешки. Индиректна е и времето, а има и четири внатрешни системски грешки по две во Македонија и БиХ, недобрата организираност при владата и операторот на авионот, односно СФОР, босанската влада, нашата агенција и нашите власти кои го организирале летот, односно агенцијата која издавала лиценци на пилотите без адекватна обука – се причините кои Кулиќ денеска ги презентираше пред македонските власти.
Тој исто така потенцираше дека авионот бил пронајден многу порано.
„Докажано е дека авионот не најден како што пишува во првиот извештај. Односно се сомневаат дека е многу порано најден од СФОР. Не е јасно зошто СФОР намерно потрагата ја пренасочиле на друго место. СФОР во првиот извештај тврдеше дека авионот го нашле со помош на „И ел ти“ уредот. Уредот бил исправен, но исклучен, не зрачел“.
- Патниците починале на лице место, никој не го преживеал падот – заклучил експертскиот тим.
Кулиќ истакна дека не се согласува со првиот штелуван извештај за падот на авионот.
Да се потсетиме дека авионот со претседателот Трајковски, кој патуваше на меѓународната конференција се урна на 26 февруари 2004 година во ридот Матиќ во Ротмиља, на само неколку километри од аеродромот во Мостар.
