Извештајот на ЕУ силен шамар за Македонија!
Извештајот на Прибе донесе досега непознат тон во дипломатскииот речник. македонските власти би требало ова да го сфатат многу сериозно, оти следното укажување ќе биде многу непријатно, сметаат експертите што ги консултираше Фактор во однос на извештајот на европската комисија. Во извештајот се укажува на бројни неправилности во работетњето, пред се во однос на полицијата и УБК.
„Во однос на формата и конотацијата во која е искажан овој извештај се внесува нов тон во дипломатскиот речник кој е општо прифатен во светски рамки. Преведено на обичен речник, овој извештај како да ни вели „вие сте се однесувале како идиоти, престанете со ваквото однесување односно на злоупотреба на УБК од страна на власта“.
Генерално овој извештај се однесува на сите државни институции, меѓутоа МВР како најекспониран орган во практицирањето на власта посебно е посочен во спрега со судството и обвинителството. Од овој извештај ни претстои тешка, многу тешка домашна задача на надминување на недостатоците кои со години наназад се таложеле. Популизмот секогаш има куси ефекти но последицит од истиот се многу тешки а токму тоа нам во моментов ни се случува. Пред граѓаните е изборот помеѓу правна држава и криминалот. Трета опција нема“, вели професорот Пивоваров, за Фактор. (Целата колумна може да ја прочитате ТУКА)
Аналитичарите сметаат дека извештајот на ЕК е директен шамар за власта и не случајно дојде ден пред продолжување на преговорите Груевски – Заев. Тој е вовед во отстапките што на преговарачката маса ќе треба да ги направи премиерот Груевски, што ќе биде проследено со соодветна конструктивност од страна на лидерот на опозицијата Заев. Резултатот треба да биде – еднакво незадоволни, веќе објави Фактор.
Во извештајот прецизно и јасно се наведуваат клучните слабости во владеењето на Груевски.
Тешки злоупотреби на институциите и корумпирани високи државни функционери е генералниот заклучок ако се прочита извештајот подготвен од експертската група ангажирана од Европската комисија за да ги истражи состојбите по објавувањето на снимените разговори од страна на лидерот на опозицијата Зоран Заев. Извештајот беше финализиран завчера.
Во главните поенти на извештајот се наведуваат клучните области, болни точки на македонската политичка сцена.
Се наведува дека „УБК изгледа работело надвор од своите овластувања во полза на Владата за да ги контролира највисоките претставници на јавната администрација, обвинители, судии и политички опоненти со консеквентно мешање во независноста на судството и други институции“ пишува во Извештајот на експертската група ангажирана од Европската комисија.
Извештајот е полн со забелешки за состојбата со независноста на судството, проблемот со слободата на медиумите и злоупотреби при изборите.
Слично
