Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извештајот е позитивен, ама е далеку полош од ланскиот?!

Извештајот е позитивен, ама е далеку полош од ланскиот?!
Македонија доби уште една пета по ред, препорака за отпочнување преговори со Европската унија. Иако за еден дел од македонската јавност ова е позитивен исчекор за земјава на патот кон Брисел, сепак за солиден дел од граѓаните и експертите последниот извештај е далеку полош од ланскиот, а Македонија од година во година се повеќе назадува. А што нотира извештајот на Европската комисија кога се прашање политичките критериуми.      За спорот со името и односите со соседите „Иако се прават чекори за решавање на проблемот со името, ова останува нерешено прашање. Одржувањето на добрососедските односи, вклучувајќи и заеднички прифатливо решение за името, под посредство на ООН, е од големо значење. Конструктивниот пристап во односите со соседите останува важен, и сите активности и изјави кои би можеле негативно да влијаат врз добрососедските односи треба да се избегнуваат“, нотирано е во извештајот за напредокот на Македонија. „Скопје трба да процени што би значело да се постигне компромис во спорот со името и кои се последиците ако не се постигне договор“, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе на прес конференцијата во Брисел. „Односите со Бугарија остануваат под влијание на различната интерпретација на историјата, а иако има преговори, ова останува отворено прашање“, нотира Брисел. За 24-ти декември, инцидентите во Собранието „По присилно отстранување на голем број опозиционите пратеници и новинари од парламентот од пленарната сала на 24 декември, минатата година за време на усвојувањето на буџетот за 2013 под контроверзни околности, беше предизвикана политичка криза која доведе до длабоки поделби меѓу политичките партии и влијаеше на функционирањето на парламентот“, констатира Европската комисија во извештајот. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе не сакаше да шпекулирам дали политичката криза која настана по 24 делември минатата година е директно или индиректно одговорна за застојот, но мора да се придвижите напред, бидејќи губите време. „Граѓаните на поранешната југословенска Република Македонија губат многу време. Договорот од први март и неговата имплементација ме охрабрува во мислењето дека ако има политичка воља тогаш има и излезно решение“, потенцира Филе. Владата е стабилна и останува посветена на европските реформи, но потребен е и пристап кој ќе се базира на консензус во водењето на политиката, како и поголема дистинкција меѓу политичките партии и државните институции, стои најновиот извештај на Европската комисија. За судството Иако во поглавјето владеење на правото Европската комисија нотира некаков напредок, сепак се бара обезбедување на независноста на судството. Во најновиот извештај на Комисијата, Брисел ја критикува Македонија и за корупцијата и судството. „Во поглед на судството, констатиран е некаков напредок, особено со воведувањето на строгите професионални барања за судиите, но неопходни се понатамошни подобрувања за обезбедување на независноста на судството во пракса“, пишува меѓудругото во извештајот, во кој на оваа тема уште е нотирано. „Постојат проблеми кои треба да се надминат, а се однесуваат независноста на судовите и воопшто на спроведувањето на законите. Во однос на независноста постојат тврдења за селективност, индиректно политичко влијание, пресуди кои неочекувано бзро се спроведуваат, како и нивната содржина која е во директна поврзаност со кариерите на судиите особено во политички чувствителни случаи. Имајќи предвид дека правдата мора да биде задоволена, фактот дека вакви сомневања постојат, само по себе претставува пробелм за независноста на судството и довербата на јавноста во него“,,стои во извештајот. За состојбата со медиумите Во делот за слободата на изразување, се забележува дека и понатаму продолжува загриженоста поради отсуството на транспаретност при владиното рекламирање и автоцензурата поради економски притисоци врз новинарите и сопствениците на медиуми. Репутацијата на земјата во слободата на медиумите е влошена. Брисел препорачува дека треба дијалог помеѓу новинарите и владата за да се дојде до промена на медиумската култура. „Поларизацијата на медиумите и слабите професионални стандарди го загрозува правото на публиката на пристап до различни гледишта и точни информации“ констатира во извештајот Европската комисија. „Приоритет треба да биде  ефективно спроведување и зајакнување на постоечките правни и политички рамки, потребно е поголемо внимание врз владеењето на правото и резултатите во борбата против организираниот криминал. Слободата на медиумите останува прашање кое загрижува“, изјави Штефан Филе. И.М.
Слично

Поврзани вести