Извештај за штета од милион евра на опожарениот „Глобал“ ќе пристигне во Владата
Во Советот на Општина Струмица помина извештајот во кој официјалната проценка за штетата за пожарот во шопинг-центарот Глобал изнесува нешто повеќе од милион евра.
Комисијата треба да го испрати извештајот на разгледување во Владата, која понатаму ќе треба да одлучи дали и на кој начин ќе помогне во случајот со трговскиот центар чиј дел беше опожарен по Нова Година.
Советот на општината го усвои извештајот од штетата која ги опфаќа објектите, стоката и инвентарот а истот наскоро ќе биде поднесен до Владата, објави 24 Вести.
Од комисијата велат дека тоа нема да биде барање за обештетување, бидејќи Владата не е обврзана на тоа, туку да го разгледа во знак на добра волја и самата да одлучи на кој начин ќе помогне.
Неопожарениот дел на „Глобал“ веќе започна да функционира, а за случајот кој се води во обвинителството се уште не се откриени причините за пожарот и дали има одговорност.
