Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗВЕШТАЈ НА ЕК: Kaква е состојбата со оданочувањето во Македонија?

ИЗВЕШТАЈ НА ЕК: Kaква е состојбата со оданочувањето во Македонија?

Македонија е умерено подготвена во областа на оданочувањето.

Во извештајот на Европската Комисија за напредокот на нашата земја за 2023 година, во поглавјето 16, стои дека сме умерено подготвени во областа на оданочувањето и дека  постигнат е одреден напредок, особено во изменувањето на повластената даночна регулатива во технолошките и индустриските развојни зони.

Во наредната година, според ЕК, особено треба да се развие нов интегриран ИТ даночен систем за Управата за јавни приходи (УЈП), подобрување на управувањето со ризикот за усогласеност и процесот на стратешки реформи на УЈП, како и да започне со подготовките за воведување на механизам за спроведување на автоматската размена на информации за финансиски сметки со членките на ЕУ во согласност со глобалниот стандард на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД)

Во однос на индиректното оданочување, се вели дека ослободувањата од ДДВ и повластените стапки за основните производи беа изменети на крајот на 2022 година. За некои енергетски производи се примени повластена стапка на ДДВ од 10 проценти за да се ублажат ефектите од високите меѓународни цени на енергијата. Повластената ДДВ стапка од 10 проценти за електрична енергија за домаќинствата се применуваше до 30 јуни годинава.

Земјава потпишала 49 договори за двојно оданочување, вклучително и со сите земји-членки на ЕУ освен Кипар, Малта, Португалија и Грција, со кои преговорите се во тек.  

Инаку, ЕК има забелешки во однос на судството и борбата со корупцијата во Македонија. Власта и опозицијата се обвинуваа за тоа кој е одговорен за лошиот извештај. 

Слично

Поврзани вести