ИЗВЕШТАЈ НА ЕБРД: Црни прогнози за регионот, Македонија и Косово со раст!
Европската банка за обнова и развој го објави новиот јануарски извештај за економскиот раст на земјите во Европа, регионот и во светот.
Според новите ревидирани прогнози, македонската економија годинава ќе испорача раст од 3,5% и во однос на септемврискиот измештај, ЕБРД ја зголеми прокецијата за 0,5%.
Од земјите во регионот, иста стапка на економски раст од 3,5% ќе испорача и косовската економија.
Еве какви стапки на раст прогнозира ЕБРД за економиите од регионот за годинава: Албанија 2,5%, Босна и Херцеговина 2,7%, Бугарија 0,8%, Црна Гора 3%, Србија 0,5% и Хрватска со раст од исто така 0,5%.
Според аналитичарите од ЕБРД, најголемо негативно поместување има за бугарската економија за која првично се прогнозираше дека годинава ќе испорача раст од 2%. Новата прогноза го стопи оптимизмот за Србија, така според ЕБРД годинава србската економија ќе оствари раст од само 0,5% за разлика од пертходната прогноза која упатуваше на раст од 2%. Дел од останатите меѓународни институции и за годинава прогнозираа дека Србија ќе се соочи со рецесија.
Руската економија во длабока рецесија ...
Во групата на земји од Централна Европа и Блатикот, според новите јануарски прокеции на ЕБРД, најголем раст од 3,2% ќе има Литванија. За Естонија, Латвија, Полска и Чешка се предвидува намалување на економскиот раст. Според пргнозите словенечката економија ќе оправува пришто се очекува годинава да испорача раст од 1,6% што е за 0,6% повеќе во однос на септемвриската прогноза.
Според анализата на ЕБРД, економијата на Турција ќе оствари раст од 3%, или 0,3% пониска проекција во однос на претходната а руската економија пак ќе биде со негативен предзнак од -4,8% што е најдлабок пад од 4,6% во однос на септемвриската прогноза.
Новиот извештај на ЕБРД не носи оптимизам за 34 кои се членки на ЕБРД. Така во сегашната проекција се предвидува вкупен пад од -0,3% за разлика од септемвриската прогноза за раст од 1,7%.
“Дури и оваа прогноза е предмет на значајни ризици“, изјави Ханс Петер Ланкес, вд главен економист на ЕБРД. Според него треба да се земе предвид влијанието на големите падови на цената на хафтата, ескалацијата на руско-украинската криза и можното зголемување на неизвесноста во Еврозоната.
Аналитичарите од ЕБРД оценуваат дека намалувањето на цената на нафтата може да резултира позитивно и да ги ублажи негативните влијанија на економиите во развој. Намалената цена на нафтата исто така може да биде позитивен фактор во јужниот и источниот регион на Медитеранот.
А.Д.
Слично
