Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗВЕШТАЈ НА ЕБРД: Поплавите го потопија економскиот раст, рецесијата се враќа!

ИЗВЕШТАЈ НА ЕБРД: Поплавите го потопија економскиот раст, рецесијата се враќа!
Нов бран на рецесија доаѓа во Југоисточна Европа. По проекциите на Европската комисија за намалени стапки на економски раст, сега и Европската банка за обнова и развој во новиот, септемвриски извештај излезе со нови, намалени корекции за еконмски раст. На Балканот, лидер по стапката на раст на БДП останува Косово, а зад него е Македонија. Србија и Хрватска годинава ќе се соочат со рецесија. Косово, балкански лидер според економски раст! Се топи оптимизмот за економскиот раст на земјите од Југоисточна Европа, во кои спаѓа и Македонија. Европската Банака за обнова и развој го објави најновиот септемвриски извештај во кој ја намали прогнозата за економски раст, па така годинава овој регион според ЕБРД ќе испорача стапка на БДП од 1,9%, пониска во однос на мајската проекција од 2,2%. На Балканот, лидер според економскиот раст годинава ќе остане Косово а зад него е Македонија. Еве какви стапки на раст на БДП проектираше ЕБРД за годинава: Косово 3,5% Македонија 3,0% Црна Гора 3,0% Албанија 1,7% Бугарија 1,5% Србија -0,5% БиХ 0,2% Хрватска -0,5% Анализата на податоците покажува дека за Македонија, септемвриските прокеции за економски раст остануваат на исто ниво како оние во мај. Најголемите промени се очекуваат во Босна и Херцеговина и во Србија – двете земји кои беа на удар на големи елементарни непогоди. Во најновиот извештај на ЕБРД се посочува дека токму поради голема штета од поплавите во виталните сектори на економијата како енергијата, енергетскиот сектор и земјоделството, нивните економии се тешко погодени. Мајската проекцијата од 1,8 отсто економски раст за Босна, сега ја намали на 0,2 отсто. Србија од предвидениот позитивен раст од 1 отсто, сега има минусен предзнак на БДП од 0, 5 отсто, а за Хрватска проекцијата останува непроменета – оваа европска економија останува во рецесија со пад на економијата од 0,5%. “ЕБРД ги ревидираше просечните прогнози за раст во 2015 за југоисточен Балкан на 2,6% од 2,4% во мај. Банката предвидува скромен пад на економиите на Босна и Србија поврзано со реконструкцијата во 2015 додека прогнозите за Албанија, Македонија и Црна Гора се исто така подобрени заради напредокот во областите на клирингот во Албанија и подобрите прогнози за проектите за крупната јавна инфраструктура во Македонија и Црна Гора“, пишува во извештајот на Европската банка за обнова и развој. Како клучен фактор-ризик се посочува украинската криза. “Економиите во земјите од Југоисточна Европа, Централна Европа и од Балтикот се очекува да се опоравуваат со умерено темпо, со позитивни влијанија од еврозоната, со исклучок на притисокот од случувањата со послабата побарувачка од Русија и руските санкции за увоз на некои прехранбени производи“, стои во извештајот на ЕБРД. Догодина економиите на Македонија и на Косово остануваат во позитива, но без зголемување на растот во однос на годинава. За разлика од овие две земји, на Балканот поголем позитивен исчекор се очекува од Србија со раст од 2%, Босна и Херцеговина 2,7% и Албанија која треба да прикаже економски раст од 2,5%. За следната година, според сегашните септемвриски проекции, економиите од југоисточниот балкански регион ќе испорачаат раст од 2,6%. Д.А.
Слично

Поврзани вести