Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗВЕШТАЈ ЕК: Власта и опозицијата мора да обезбедат враќање на политичкиот дијалог!

ИЗВЕШТАЈ ЕК: Власта и опозицијата мора да обезбедат враќање на политичкиот дијалог!
Недостигот на политички дијалог во Македонија е една од најкритичните точки во извештајот за напредокот на Македонија што го објави Европската комисија денеска. И власта и опозицијата мора да работат на нормализирање на политичкиот дијалог, сугерира Брисел. Притоа, се додава дека „функционирањето на Парламентот е загрозено од недостигот на конструктивен политички дијалог и постојаните длабоки поделби меѓу политичките партии“. „Отсуството на повеќето пратеници од опозицијата од Парламентот ја нарушува работата на усвојувањето на новите реформи и оневозможува спроведување на ефективна контрола врз активностите на Владата“, се наведува во извештајот. Во делот на политички критериуми, назадување кај Македонија се забележува во почитувањето на слободата на изразување, како и во политичкото влијание врз државните институции. Од Владата се бара да работи на покоординиран и потранспарентен начини да обезбеди ефективна поделба меѓу државата и партијата. Под сериозно политичко влијание и натаму останува јавната администрација.  
Слично

Поврзани вести