Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗВЕШТАЈ ЕК: Што заклучува Брисел за македонската економија?

ИЗВЕШТАЈ ЕК: Што заклучува Брисел за македонската економија?
Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на Македонија бара поголема фискална дисциплина и транспарентност на буџетските трошења. „Постојаниот раст на нивоата на владиниот и јавниот долг покреваат загриженост за долгорочната одржливост. Владата мора да преземе чекори за да го стабилизира нивот на долгот“, бара Европската комисија. Како еден од најголемите проблеми на македонската економија и натаму е невработеноста, а досега преземените мерки се оценува дека даваат сами „ограничени резултати“. „Вработливоста на работната сила мора да се зголеми преку структурни мерки, како и со подобро таргетирање на активните мерки за вработување“, наведува Брисел. Започнувањето на бизнис во Македонија е благо олеснето, но и натаму остануваат потешкотии за обезбедување на одредени дозволи. Исто така, процедурите за излез од пазарот остануваат долги и покрај преземените мерки за нивно забрзување, стои во Извештајот во делот на економските критериуми. Според сугестијата од Брисел, честите промени на законите создаваат несигурност на правниот систем за бизнисмените кои сакаат да инвестираат во земјава. Во извештајот се забележува дека и натаму е отежнат пристапот до капитал и дека е потребен значителен развој на небанкарските финансиски механизми, за да се отворат дополнителни можности за финансирање на приватниот сектор.  
Слично

Поврзани вести