Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изречена првата казна за носење бурка во Пазарџик

Изречена првата казна за носење бурка во Пазарџик

Жена на возраст од 30 години од ромското маало Исток во Пазарџик, Бугарија е  казнета за носење бурка.

Ова е прва ваква санкција, откако минатата среда стапи на сила забраната, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи во Бугарија.  Според одлуката на општинските советници глобата за  прв ваков прекршок е 300 лева, а за секој нареден ќе се плаќаат по 1000 лева.  На крстосница во населбата Исток, полициска патрола ја видела жената и ја казнила.  Со тоа таа ја прекршила забраната за носење на таков тип облека на јавни места.

Бурката е забранета во Пазарџик, Стара Загора, а за истата мерка размислуваат повеќе општини во земјата. Целта е да се спречи ширењето на радикалниот ислам во Бугарија.

Слично

Поврзани вести