Економија, финансии, бизнис

Контакт

Израелец вели дека Вучиќ спречил Трета светска војна

Израелец вели дека Вучиќ спречил Трета светска војна

Израелскиот политичар Боаз Топоровски тврди дека српскиот претседател Александар Вучиќ работи на спречување на Третата светска војна.

Тој напиша авторски текст за „ Џерусалим пост“ во кој ја анализира глобалната политичка криза и тензиите меѓу Истокот и Западот, кои во моментов се манифестираат во Украина. Смета дека со оглед на актуелната глобална ситуација, има потреба од „силно, здраво и умерено лидерство кое знае како да маневрира меѓу различни интереси, со што ќе спречи војни и ќе придонесе за меѓународната стабилност“.

„Избегнувајќи го меѓународното внимание, Александар Вучиќ, претседател на Србија од 2014 година, се ангажираше во сложени напори за одржување на стабилноста на Балканот. Сеќавајќи се дека во Србија изби Првата светска војна, Вучиќ работи на спречување на нова. на границата опстојуваат тензиите меѓу Србија и Косово поради провокациите на Косово против српското малцинство на неговата спорна територија“, пишува Топоровски.

Тој потсетува дека пред неколку дена полицаец на Косово без никаква причина застрела двајца Срби, од кои едниот имал 11 години. Тој додава дека се зголемува притисокот од српската јавност врз раководството да заземе поостар став кон провокациите на Косово. 

„Сигурен сум дека Косово има свои објаснувања, но како може да го оправда континуираното малтретирање на српското малцинство? Се прашува Топоровски.

Тој посочува дека Србија има стратешка позиција во Источна Европа, како мост меѓу Истокот и Западот. Со оглед на тоа што Русија се противи на признавањето на Косово како независна држава, Топоровски смета дека секоја грешка во однос на Косово може да доведе до конфликт меѓу Западот и Истокот, Русија и НАТО, Кина и САД.

Претставникот на Кнесетот е убеден дека Србија, за разлика од Косово, прави значителни напори да ја спречи Третата светска војна. Потсетува дека во декември,  стотици Срби на Косово поставија блокади на патиштата кои водат кон Србија, а српската војска беше во состојба на готовност.

Инаку, на Косово на Бадник и Божиќ имаше два напади на српски деца. Едно од нив заврши во болница. 

Слично

Поврзани вести