Измените во законот за државна матура се одложени за в година
Измените на Законот за високо образование и за државната матура се одложени за септември 2016 година, изјави денес премиерот Никола Груевски во Дојран.
,,Одлагањето на државната матура е затоа што од декември се пријавува матурата и имавме прекраток период за промените што сакавме да ги постигнеме, затоа што ни треба во меѓупериодот и дијалог, така што има доволен простор да се вклучат сите заинтересирани страни и да се разговара со сите, да се слушнат сите мислења и да се направат темелни консултации за на крај да се донесе најсоодветното решение'' - рече Груевски.
Инаку, вчера од Средношколскиот пленум најавија дека првиот училишен ден ќе го одбележат со јавен собир во Паркот на новинари. Тие не се откажуваат од своите барања, а тоа е враќање на стариот концепт на матура и измени во екстерното тестирање.
Слично
