Економија, финансии, бизнис

Контакт

Измени во екстерното оценување – ќе полагаат сите ученици

Измени во екстерното оценување – ќе полагаат сите ученици
Идната година учениците предвреме ќе ги знаат прашањата за екстерно тестирање. Вака одлучи министерството за образование, па прашањата ќе се знаат еден месец пред полагањето. Три дена пред испитот, учениците ќе знаат кои два предмети ќе ги полагаат. Според министерот Спиро Ристовски, во предвид се зема застапеноста на наставниот предмет, па колку повеќе часови има за одреден материјал, току прашања од него ќе има и за еккстерното. Но промена во системот е и тоа што екстерното ќе важи и за ученици од завршните години. Тие ќе полагаат во јануари, наместо на крајот на годината со останатите. На ова се јавија од СДСМ со писмената реакција. „Самиот министер Ристовски изразува очекување дека предложените измени ќе ги елиминирале техничките и процедурални недостатоци на екстерното тестирање. Сепак и покрај постоечките дилеми, власта го проширува екстерното оценување и на учениците од 4-та година“, велат од СДСМ. Од опозицијата посочуваат дека измените се лоши и ќе го се зголемат стресот кај учениците во завршните години. Екстерното тестирање за првпат се спроведе минатата учебна година. Наиде на голем отпор кај учениците, беа организирани протести , се собираа потписи за петиција која бараше првото тестирање да биде прогласено за пилот проект. Надлежните ова не го прифатија и ги ставија оценките од екстерните тестови во дневник.
Слично

Поврзани вести