Економија, финансии, бизнис

Контакт

Измамник од Босна сакал да изнајми автомобил на име на градоначалникот на Њујорк!

Измамник од Босна сакал да изнајми автомобил на име на градоначалникот на Њујорк!
Употребувајќи го името градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг, Елдин Комад од БиХ успеал да ја измами локална агенција за рент-а-кар возила. Како што пишува весникот „Дневни аваз“, малку недостигало измамата да успее.Имено Босанецот бил откриен во последен момент, благодарение на внимателноста на сопственикот на агенцијата. Со тешко  полициско досие и голем стаж за измами во минатото, Комад пронашол на интернет копија од возачката дозвола на Блумберг, ја скенирал и ја поднел заедно со барањето за изнајмување автомобил од агенцијата. Рекол дека се вика Нермин Салиховиќ, и работи во (УСАИД), па има потреба од возило на околу два месеци. Ооднел и копија од пасошите на двајца американски државјани, кои исто така ги пронашол на интернет, нагласувајќи дека и тие ќе го користат автомобилот. Сепак сопственикот на агенцијата се посомневал кога Комад побарал договорот да биде склучен на име на Нермин Салиховиќ, а не на Блумберг. Тој се јавил во канцеларијата на УСАИД во Сараево, каде добил информација дека не познаваат лице. Дури и го прашале сопственикот наагенцијата“навистина ли поверувал дека градоначалникот на Њујорк може да отсуствува 72 дена од работа“.
Слично

Поврзани вести