Економија, финансии, бизнис

Контакт

Измамници се обидуваат да ги искористат поплавите во БиХ!

Измамници се обидуваат да ги искористат поплавите во БиХ!
Министерството за внатрешни работи на Република Српска вечерва објави предупредување до граѓаните на населбите Српска Топлица и Карановац во Бања Лука дека се појавиле непознати лица кои се претставувале како криминалистички инспектори и се обидувале да го искористат стравот на граѓаните од поплавите кои го зафаќаат и овој град. Измамниците ги предупредувале граѓаните дека мора итно да ги напуштат своите томови, затоа што ќе пукне браната на блиската хидроцентрала. „Ги известуваме сите дека станува збор за измама од крадци кои веројатно сакаат да го искористат отсуството на граѓаните од домот. Не станува збор за никакви инспектори на Министерството за внатрешни работи и апелираме до граѓаните да не го слушаат ваквото предупредување, а случаите да ги пријават“, изјави портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Република Српска Мирна Шоја. Нивото на вода во реката Врбас е критично и надојдената река веќе однесе три моста во Бања Лука, но властите смируваат дека хидроцентралата не е во опасност.
Слично

Поврзани вести