Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗМАМЕНИ ШТИПЈАНКИ: За 13 години работа имаат само 6 години и 6 месеци стаж

ИЗМАМЕНИ ШТИПЈАНКИ: За 13 години работа имаат само 6 години и 6 месеци стаж

Во една штипска текстилна конфекција четири работнички работеле 13 години со полно работно време, а поранешниот нивен работодавач придонесите кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување им ги плаќал само на половина работно време. 

Сега тие имаат работен стаж од само шест години и шест месеци. 

Ова денеска на прес-конференција го соопшти претседателот на регионалната канцеларија на ССМ-Штип, Горан Трајков.

Тој вели дека овој случај претставува најголема измама и манипулација врз текстилните работници, кои сосема случајно ја откриле. Работничките пред синдикатот сведочат дека пред извесно време дале отказ во конфекцијата.  Новиот сопственик откако ги вработил им посочил дека сега тие кај него се вработени на полно  наместо на половина работно време  кај поранешниот соственик.

„Работниците кои се охрабрија да зборуваат доаѓаат од фабрика во која се вработени околу 200 работници. Правиме темелни проверки преку Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, каде што работниците си ги вадат овие документи, прегледи за да може да утврдиме дали сите работници биле осигурани на скратено работно време, односно на 20 часа неделно. Во самиот старт може да заклучиме дека станува збор за четири работници, кои се изненадени од ситуацијата“- вели Трајков.

По Нова година ќе се знае и точниот број на работници, кои верувале дека биле осигурани на полно работно време, а биле измамени. 

Трајков апелира работниците да си го проверуваат работниот стаж во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, но и да почнат со создавање синдикални организации со цел да бидат заштитени. 

Слично

Поврзани вести