ИЗМАМЕНИ РАБОТНИЦИ: Од ЕУ се вратиле без евро
Двајца работници од Сивац и еден од Сомбор, Србија заминале на работа во Словачка, но се вратиле без ниту едно заработено евро.
Таму ги потрошиле и парите кои ги понеле од дома за да издржат додека да ја земат првата плата.
Во зградата каде биле сместени овие гастарбајтери се ограбени, а жената која им била посредник и им ветила работа во фабрика не се јавувала на телефон и не успеале да ја добијат.
Едвај се вратиле дома, а биле сместени во село во Словачка.
„Таа жена ни вети работа по 3 евра од час во фабрика каде се прават држачи за телевизори. Рече дека се работи по 6 дена неделно и тоа по 8 часа. Набрзо сфативме дека сме ограбени“ - вели Марко Ковач од Сивац.
Барале работа во фабрика за пакување на сендвичи, но потреба од работници таму немало.
Потоа заминале во фабрика за пакување телефони, но по неколку дена и оттаму се отпуштени по што едвај се вратиле назад во матичната земја.
