Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗМАМА „ТЕШКА“ 80.000 ЕВРА: Срби ветувале дека ќе ги решат љубовните проблеми на жена од Макарска

ИЗМАМА „ТЕШКА“ 80.000 ЕВРА: Срби ветувале дека ќе ги решат љубовните проблеми на жена од Макарска

Срби и ги „лечеле љубовните проблеми“ на жена во Макарска  поради што се уапсени за измама од 80.000 евра.  Се работи за две жени на возраст од 20 и 36 години и еден 38-годишен маж, кои се осомничени за кривично дело измама.

Сплитско-даматинската полиција денеска информираше дека во Макарска се приведени тројца српски државјани, кои се осомничени дека оштетиле жена (32) за повеќе од 80.000 евра, тврдејќи дека ќе и ги решат „љубовните проблеми“.

Тие од јуни до август годинава секојдневно преку видео повик комуницирале со жената и ветувале дека ќе ги решат нејзините љубовни проблеми, а за возврат барале пари и накит, оштетувајќи ја за 80.000 евра.

Слично

Поврзани вести