Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗМАМА: Се претставувале како директори во Министерството за транспорт и врски и мамеле превозници!

ИЗМАМА: Се претставувале како директори во Министерството за транспорт и врски и мамеле превозници!
Три лица се уапсени денеска во Скопје Сити Мол, под обвинение дека се служеле со измама и заработувале продавајќи лажни дозволи за превоз. Полицијата, според првичните информации, трага уште по три лица од оваа криминална група. Тие се претставувале како директори во Министерството за транспорт и врски и на превозниците им ветувале дозволи за меѓународен превоз на лица за одреден надомест. „Единица за економски и компјутерски криминал, до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против шест лица и тоа против Д.Ј. (31) од Тетово и А.Т.Т. (31) од Скопје за сторено кривично дело “измама“ како и против С.Т. (37), С.Т. (33) двајцата од Скопје, Е.И. (33) и Ј.Ј. (38) двајцата од Тетово, за сторено кривично дело “помагање“ в.в. кр.дело “измама“. Oд страна на судија во претходна постапка на пријавените лица им е одредена мерка притвор во траење од осум дена. При тоа, А.Т.Т., С.Т. и С.Т. се пронајдени и предадени во Истражен затвор - Скопје, додека Д.Ј., Е.И. и Ј.Ј. се во бегство“, информира МВР. Тие на овој начин измамиле лице од Струга на кое му зеле 10.000 евра, како парична награда за две линии - 5.000 евра веднаш, а уште 5.000 во Скопје на 21 октомври. „На 21.10. на договорена средба во кафе-бар ТРЕНД лоциран во „Сити мол“ Скопје, второпријавената од оштетениот примила парични средства (10 банкноти во апоени од по 500 евра),  а од нејзина страна му била предадена фалсификувана документација претходно изготвена од четвртопријавениот Е.И., наводно издадена од Министерството за транспорт и врски за распределба на меѓуопштински и возни редови и возен ред за меѓународна линија Струга-Алсбург на име на едно од правните лица. Врз основа на усна наредба од судија на претходна постапка, наведениот ден извршен е претрес на пријавената А.Т.Т., при што кај неа се пронајдени предметните банкноти и истите се одземени, додека од оштетениот е одземена документацијата која му била дадена од страна на пријавената. Од оштетениот и две пријавени лица одземени се мобилени телефони со кои остварувале контакти во критичниот временски период“, информира МВР. Полицијата извршила претреси и во домовите каде привремено престојувале тројца од пријавените лица од Тетово при што одземени се предмети и документација  за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.
Слично

Поврзани вести