Економија, финансии, бизнис

Контакт

Излезот од кризата е во Пржинскиот договор, смета Хајндл

Излезот од кризата е во Пржинскиот договор, смета Хајндл

Специјалниот германски пратеник,  Јоханес Хајндл смета дека има излез од политичката криза, а тој е содржан во Договорот од Пржино.

За него ова е добра вест во случајот, но лошата вест е што овој процес е блокиран, кризата продолжува да трае, а времето истекува.

„Мојата проценка е дека Договорот од Пржино треба да се реафирмира бидејќи обезбедува рамка за процесот на реформи важни за наоѓање излез од кризата и за напредок во евро-атланските интеграции на земјата“-  изјави Хајндл.
Тој додава три точки што се важни да се спроведат без одложување. Партиите треба да се договорат за датум за изборите и да го направат тоа што е потребно за спроведување слободни и фер избори, а на Специјалното јавно обвинителство мора да му биде овозможено да работи без опструкции. Трето партиите мора да се договорат без одложување за спроведување на реформите нотирани во извештајот на Прибе.
„Ова може да се постигне и изводливо е. Треба да се искористи позитивниот моментум. Сепак, она што е неопходно сега е политичките лидери да ги стават интересите на земјата и да го направат она што е неопходно за државата да оди напред и реформите да се случат“ - вели Хајндл.
Тој имаше средби со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Емил Димитриев, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а претпладенво и со претседателите на  ДУИ, Али Ахмети и на ДПА, Мендух Тачи.
Слично

Поврзани вести