Излезноста утрово е 10%, прекин во Долнени, лажна пропаганда во Центар
Излезноста на ниво на држава до 10 часот во трите општини каде се прегласува и во Долнени каде има втор круг од локалните избори, е 10,89 отсто, додека излезноста на ниво на Град Скопје е 11,05 отсто, информираат од Државната изборна комисија.
Највисока излезност има во Долнени каде од 10.559 гласачи правото на глас го искористиле 1404. Најмала излезност според Дик има во Струга каде од 7.885 граѓани гласале само 559 односно 7,09 отсто.
Додека од ДИК велат дека не се пријавени изборни неправилности, граѓанската асоцијација МОСТ соопшти дека нивните набљудувачи забележале 20-минутен прекин на гласањето на гласачко место 1490 во општина Долнени. Како што стои во соопштението на МОСТ, болно и изнемоштено лице дошло да гласа со придружба, по што реагирал партиски набљудувач и не дозволувал лицето да гласа на тој начин.
Од МОСТ информираа и дека во општина Центар бил забележан расфрлан пропаганден материјал со дезинформации за денот на одржувањето на изборите.
Слично
