Економија, финансии, бизнис

Контакт

Излезноста надмина 50%, забележани повеќе неправилности

Излезноста надмина 50%, забележани повеќе неправилности
Спорред објавата од државната изборна комисија, до 17 часот гласале 53,73 отсто. Прритоа најмала е излезноста во општина Ѓорче Петров каде се гласа на едно изборно место и тамугласале 37,73 отсто од евидентираните гласачи. Највисока излезност пак има во општина Долнени, каде на 39-те избирачки гласале 63,50 отсто од гласачите. Во Општина Центар  гласале 53, 71отсто или 12 321 гласачи. Во Струга пак каде што се гласа на девет избирачки место,  излезноста е 43,4 проценти. Во меѓувреме како што информираа од МОСТ, набљудувачите забележале повеќе неправилност во изборниот процес кој денеска се одвива во 4 општини. Од Граѓанската асоцијација соопштија дека на гласачко место 2849 во општина Центар, фоторепортер побарал да слика во избирачкото место. Избирачкиот одбор му дозволил, но му напоменал дека не смее да ги слика гласачите. Кога тргнал да си замине, ИО побарал да ги погледне сликите бидејќи се сомневале дека има слики од гласачите, по што фоторепортерот се противел. Реагирала и полицијата, по што настанот бил заведен во дневникот за евиденција на настани. Потоа на гласачко место 2802 во општина Центар, позади параванот за гласање забележана е испишана парола против одредена политичка партија. По реакција на еден од гласачите, ИО го покрил натписот со хартија по што гласањето продолжило. Нерегуларности биле забележани и на гласачко место 1210 во општина Долнени. Таму на гласач кој немал траги од невидливото мастило веќе му било заокружено и потпишано името во Избирачкиот список. Откако ИО направил записник за случајот, било дозволилено на гласачот да го оствари своето право на глас.
Слично

Поврзани вести